Вести Економија

Вложување во образованието и ангажирање во институциите се предуслови за враќање на нашиот восокообразуван кадар од Словенија

Добра плата и квалитетен живот се главните услови за да нема одлив на младиот високообразуван кадар од Македонија. А, статистиките покажуваат дека на годишно ниво околу 9.500 млади луѓе ја напуштаат земјата. За да се намали овој тренд, потребно е вложување во образованието за да се усогласи со потребите на бизнис заедницата, а младите стручни лица да се ангажираат во јавниот сектор, рекоа од Стопанската комора на Македонија, на денешниот панел „ Враќање и задржување на домашниот млад кадар кој студира во Словенија“.

-Државните институции да имаат поголема волја, можност и активности за привлекување на овој кадар во нивните институции заради квалитетни услуги кои што се подршка на бизнисот. Истовремено апелираме да се инвестира во научно – истражувачки институти, лаборатории и други соодветни активности, вели потпретседателката на стопанската комора, елена милевска-штрбевска.

 

-Одливот на кадри ни се забележува во продуктивноста како компании. Како приватен сектор сме подготвени да превземеме мерки за зголемување на атрактивноста како работодавачи. Се разбира, во рамките на нашите можности, рече извршниот директор на „триглав осигурување“, Војдан јорданов.

Самовработување, подршка на проекти на млади претприемачи преку ФИТР и подршката што ќе дојде преку Стратегијата за човечки капитал, што ја подготвува Владата, се мерки за намалување на одливот на младите од земјава. Сепак вели министерот за финансии, заминувањето од дома за подобра и поплатена работа е глобален и регионален феномен.

Ние обезбедуваме сигурна иднина во ЕУ. Тоа е главната порака што треба младите со сигурност да ја знаат дека во Македонија тие ќе ја најдат ЕУ. Таа е тука во Скопје, ЕУ е во секој град од нашата земја, рече министерот бесими.

1.443 студенти од Македонија оваа академска година учат на универзитетите во Словенија. Тие ќе ги зајакнат врските меѓу двете земји во иднина и претставуваат инвестиција зашто со стекнатите знаења ќе придонесат за побрз развој на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ, кажа в.д. амбасадорката на Словенија во земјава, Татјана Ковачиќ.

Ослободување од плаќање закупнина на земјоделско земјиште во првите три години,  добивање грантови од 20 илјади евра за млади земјоделци, ступендии по 18.000 денари за студентите на Земјоделскиот, Шумарскиот, Факултетот за ветеринарна медицина и пракса во министерството како предуслов за вработување, се мерки од ресорот Земјоделство, шумарство и водостопанство, за задржување на младите кадри.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Димитриеска-Кочоска: Буџетскиот дефицит ќе се зголеми но за прв пат поради капитални инвестиции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе