Вести Економија Македонија

Владата ќе ги повлече парите дадени на ЕСМ за набавка на струја – откако компанијата минатите месеци дури мораше да користи и од европската мрежа

Владата планира да ги повлече парите кои ги даде на ЕСМ за набавка на струја од слободен пазар за покривање на евентуалните недостатоци и со тоа ќе ја покрие дупката од околу 80 милиони евра, кои планираше да ги собере од данокот за екстра профит, чие носење е заглавено во Собранието и повеќе од извесно е дека нема да се изгласа.

Овој данок требаше да опфати околу двесте компании, вклучувајќи и банки и обложувалници.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, во Топ Тема синоќа, кажа дека ЕСМ успеало да ја покрие побарувачката за електрична енергија на домашниот пазар, и поради тоа немало потреба да се увезува струја, а парите останале неискористени.

Сепак, во изминатиот период ЕСМ, за да ги надомести потребите од струја, правеше милионски набавки на електрична енергија.

Во игра за набавка постојано се вртеа едни исти имиња на фирми, но ноќните вишоци, државните електрани ги продаваа далеку поевтино од она на берзите. Кратко се влечеше и од европската мрежа во деновите кога температурите паднаа значително под нулата.

Колку ќе чини ова се уште е непознато затоа што фактурата треба допрва да стигне.

Државата плати и повеќе од  4 милиони евра за набавка на гас за само два месеци- јануари и февруари.

Парите отидоа кај бугарската Балкан Јутилитис.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши ?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе