Вести Економија

Недостигот на квалификувана работна сила е проблем речиси за сите компании

Додека младите одат да работат во странство, менаџерите на компаниите во земјава не можат да најдат работници. Од фабриката за производство на стакло Глас Флекс во тетовската индустриска развојна зона, велат дека дури ни солидната плата не може да ги задржи.

Имаме доста проблеми со обучени кадри кои што во моментот недостасуваат во нашата држава. Не е сѐ во платата, ние со платите не сме за потценување, меѓутоа сепак оној тренд на одење на наши луѓе во странство не можеме да го сопреме. Очекуваме помош од државата, којашто може да делува во носење на кадри од странство по потреба, рече гоце пешов од комапнијата „глас флекс“.

Работна сила ќе се увезува од земји каде има помали плати, додека тука треба да се спроведе преквалификација, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој денес оствари средба со раководство на фабриката. Тој истакна дека структурата на невработените во државата и нивните вештини не одговараат на новата ера на индустријализација.

Ако ова не го направиме за две до три години состојбата ќе биде потешка затоа што доста од компаниите ќе треба да затворат зашто не можат едноставно да издржат. Затоа велиме дека евентуалниот увоз, тоа го викаме либерализирање на пазарот на труд, овозможува да се зголеми конкурентноста на нашите компании за да креираат нови работни места, а секако нашите граѓани секако ќе бидат на првенствено место, но заедно со нив треба да работиме на нивна доквалификација, рече министерот битиќи.

На земјава ѝ недостигаат 10.000 работници годишно.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе