Пред крај е дисциплинската постапка против екс шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска и двете нејзини колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Тие денеска и лично пред комисијата дале исказ и предложиле докази како одговор на тезите на државниот обвинител Љубомир Јовески, кој бараше да одговараат за тешка дисциплинска повреда за претресот во Финансиската полиција.
Русковска го предложила професорот по кривчно право Гордан Калјаџиев за сведок, но комисијата не дозволила да го каже своето стручно мислење на обвинувањата против неа дека сторила повреди на кривичната постапка. Калајџиев за Телма потврди дека утрово дошол во обивнителството, но бил вратен. Со оглед на тоа што исходот од постапката може да биде и разрешување, професорот смета дека требало да се дозволи сведочењето.
Калајџиев вели дури и очекувал да биде одбиен поради неговите јавно искажани ставови дека обвинителките не го повредиле законот.
Обвинителството го применуват законот и нема потреба од експертско толкување, е одговорот од таму за одбивањето на Калајџиев.
На денешната седница членовите на комисијата едногласно не го прифатија предлогот да биде сослушан професорот Калајџиев кој беше предложен како “сведок експерт” кој треба да даде правно мислење по однос на тоа дали се повредени норми од Законот за кривична постапка. Предлогот беше одбиен бидејќи органот кој ја води постапката го применува законот и правните норми во него. Сите останати докази беа изведени, соопштуваат од јо.
Јовески иако бил повикан на денeшното сослушување не се соочил со трите обвинителки. Од обвинителството одговараат, дека согласно правилникот, неговото присуството како предлагач не е задолжително и тој останал на доказите наведени во писмениот предлог. Ова, велат од обвинителството, не го оспориле ниту јавните обвинителки против кои се води постапката.
Што ќе одлучи дисциплинска комисија составена од четворица виши и еден републички обвинител ќе се знае откако известителот ќе подготви извештај и ќе даде предлог за кој ќе треба да се произнесат членовите.
Русковска е суспендирана а паралелно против трите обвинителки се води и истрага по криивчната пријава на екс директорот на Финансова, Арафат Муареми.
Елена Ивановска Мукоска
