Вести Македонија Топ вести

Промената на улицата „Војдан Чернодрински“ во „Оџа Атаулах Куртиши“ во Чаир е пример за поделеност во македонското општество

Ова е улицата „Оџа Атаулах Куртиши“, во општината Чаир, која до пред два дена го носеше името на основоположникот на македонската драма и театар, Војдан Чернодрински. Оваа  улица под 90 степени ја сече улицата на која се наоѓаaт Албанскиот театар и Бит Пазар, а на неа е лоцирана полициската станица во Чаир. Преименувањето на улицата се случи во саботата, со откривање на табла, во присуство на поранешниот и актуелниот градоначалник на Чаир , Меџити и Ганиу. Се одржа и свечена академија на која беше кажано дека Кутриши бил голема религиозна и национална фигура за Албанците, зашто го спречил нивното иселување од страна на поранешната југословенска власт.

Честите промени на улиците со менувањето на политичките гарнитури , според принципот на етнички заедници зборува за длабоката поделеност на македонското општество кое државата го одобрува, вели пензионираниот историчар Тодор Чепреганов.

  • Овде е работата до државата. Државата не реагира на тоа, туку премолчено го аминува. Ова е само еден пример од многуте примери во македонското општество на поделеност по сите основи- Тодор Чепреганов- професор по историја во пензија.

Според Чепреганов тој процес започнал од осамостојувањето на Македонија. Со секоја политичка гарнитура се формирале комисии за менување на улиците, што не е добро.

  • Прво , не е добро за самите граѓани кои што живеат на тие улици затоа што тие на секои 4 години треба да ги менуваат своите документи. Од друга страна , исто така не е добро затоа што тоа зборува за самата држава, која на секои 4 години ја менува колективната меморија на сопствениот народ- Тодор Чепреганов- професор по историја во пензија.

Според градоначалникот на Чаир, промената на името на оваа и други улици е со одлука на Советот на Град Скопје од 2021 година и се запазени сите процедури.

  • Во периодот кога беше градоначалник г-нот Шилегов, со таа гарнитура, со тој Совет поминаа сите имиња и промените на улициве. Така што сите процедури се поминати. Во „ Службен весник“ помина. Дури ние задоцнивме со промовирање на таа улица- Висар Ганиу- градоначалник на Општина Чаир.

А, според министерот за локална самоуправа Пенов, името на Војдан Чернодрински не е избришано од скопските улици.

  • Со одлука на Советот на Град Скопје од 2021 година е префрлена во општина Центар, во населбата Пролет.Улицата која ги поврзува булеварот „ Кочо Рацин“ и „ Крушевска република“, по ново е улица „ Војдан Чернодрински“-Ристо Пенов- министер за локална самоуправа.

Професорот Чепреганов смета дека улиците треба да се именуваат по примери како во светот, според историски личности кои имаат обединувачки карактер за сите етнички заедници во една средина и кои се дел од заедничката колективна меморија на сите граѓани, а не само на дел од нив.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе