Вести Македонија Најважни

Официјална Софија со нови отровни стрели кон Македонија, се насетува ли говор на омраза во пораките на Милков

Црните традиции на палење, стрелање и нaсилство , по што е истoриски позната, се враќаат во Македонија.  Со вакви навреди и квалификации за Македонија и македонската историја излезе пред медиумите шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, откако  со својот колега Бујар Османи на ВМА  во Софија го посети повредениот Христијан Пендиков, кој е  секретар на бугарскиот  клуб  кој го носи името  на Цар Борис, докажан фашистички соработник.

-Бугарија категорично инсистира да бидат казнети извршителите на оваа и други такви постапки според законот, за да прекине таа атмосфера на неказнивост, што раѓа ново насилство. Тука сум да кажам не на враќањето на тие црни традиции кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, стрелање и насилство врз луѓе, изјави Никола Милков, министер за надворешни работи на Бугарија.

Додека Милков ја даваше изјавата, до него стоеше  министерот за надворешни работиана Македонија,  но не кажа ништо за ваквите обвинувања. Рече дека  Македонија за насилството нема да има толеранција, но,  бугарските новинари му забележаа дека тоа се само празни зборови, по што Османи  порача дека мора да прекинат провокациите и од другата страна за негирање на македонскиот народ, алудирајќи на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој пред неколку дена на среде Скопје скандирашае Македонија е бугарска.

-Мора да создадеме атмосфера на нула толеранција.  Но исто така провокации од политичари  кои доаѓаат на среде Скопје го негираат македонскиот народ , мора да го прекинеме. Тоа ќе биде последно доаѓање во Р.Македонија на секој кој ќе ги навреди Македонците, македонската заедница или било која друга заедница  Бујар  Османи

22 годишниот Пендиков завчера беше префрлен на лекување во Софија, додкеа трае  постапката на македонските истражни органи за расчистување на инцидентот во кој 22 годишниот секретар на бугарскито клуб беше нападната од 3 лица. Пред да почне  истрагата и  бугарските и македонскиете  политичари,  инцидентот го нарекоа насилство од омраза кон Бугарите, со што според  правните експерти, истрагате е веќе контаминирана. Изнесувањето на Пендиков од државата, кому полицијата пред еден месец му поднесе кривична пријава откако  го  фати со кокаин, е опасен преседан.

-Факт е дека начинот на кој сето тоа е направено, со целосно игнорирање на македонските правосудни власти,  е опасен преседан бидејќи се работи за активна истрага, која е веќе компромитирана со политичките изјави на политичките чинители. На тој начин се отежнува работата  на јавниот обвинител, вели Владимир Туфегџиќ, адвокат.

Обвинителството вчера соопшти дека Пендиков бил двапати сослушан, дека  е достпен за органзите и нема законска основа да го задржи. Но за кривичната пријава за поседување дрога, на прашањата на Телма дали има некаква мерка за Пендиков, дали судот има одлука и дали обвинител дал согласнсот да ја напушти државата, од Јавното обвинителство нема одговор, иако за вакви кривични дела, на барање на обвинител, судот одредува притвор.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дигитализација на мали и средни компании во Македонија

Дејан Дејан

Курс за управување со дронови – нова програма за училиштата и факултетите во Русија од 1 септември

Дејан Дејан

Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе