Вести Економија Топ вести

Сопственикот на ИГМ Трејд прв милијардер во Македонија

Во годината одбележана со војна, рецесија и во која сѐ уште се чувствуваат економските последици од пандемијата со Ковид-19, неколкумина стопанственици успеале да го зголемат своето богатство. Српскиот Неделник објави листа со најбогатите 100 на Балканот, на која има дури 18 милијардери, а еден од нив е и сопственикот на ИГМ Трејд од Кавадарци, Илија Гечев.

Со богатство во вредност од една милијарда и 54 милиони евра, Гечев е на 18-то место на листата на најбогатите луѓе на Балканот, која пак ја предводат Хрватот Дубравко Гргиќ, водечкиот акционер на Аграм Група со богатство од 2 милијарди и 840 милиони евра, а по него се Србите Миодраг Костиќ со 2 милијарди 779 милиони евра богатство, и Мирослав Мишковиќ која има само 120.000 евра помалку.

Со 2 милијарди и 270 милиони евра на петтото место на листата е и 34 годишниот Мате Римац, иноватор и основач на Римац автомобили, компанија за производство на спортски електрични возила. Пред Римац, се основачите на комуникациската Ифобип, Силвио и Роберто Кутиќ и Изабел Јелениќ со богатство од 2,5 милијарди евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Узунов: Секој буџет е нереален во декември кога се носи, на средина на годината мораме да имаме ребаланс

Sasko Dimovski

Митевски: Капиталните и сите други расходи кои не се трансфери и плати ќе бидат опфатени со ребалансот на буџетот

Sasko Dimovski

Ѓорѓиоски и Сејдини одобриле и потпишале 728 налози, се сомничат за финансиски криминал во ФФМ од близу три милиони евра – во шемата и раководителката на Одделението за финансии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе