Вести Македонија Најважни

Блокадата кај „Мавровка“ времено отстранета поради посетата на Штајнмаер, петок е новиот рок до градските власти

До доцна вчерва автобусите на приватните превозници ја блокираа крстосницата кај Мавровка и буквално го парализираа градот. Но, заканите за радикализација ги ставаат на стенд бај. Протестот ќе биде во мирување за време на посетата на германскиот претседател, Штајнмаер. Петок е новиот ултиматум до градските власти за исплаќање на милионскиот долг. Ако не добијат пари, со околу 200 автобуси ќе блокираат неколку крстосници во центарот на Скопје.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски најави оти тогаш Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени, вели Јовановски.

Денеска, како што додаде, приватните превозници покажале единство и сериозност во намерите да ја истераат правдата на виделина и да го свртат вниманието на целата јавност за проблемот со кој се соочуваат.

После седницата на Советот на Град Скопје на која присуствуваме видовме дека и на сите советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП се оние кои доведуваат до ваквите состојби, додава Јовановски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе