АД ЕСМ обезбеди нови количини на гас но тие се доволни само за до средината на месец ноември. До тогаш скопјани ќе имаат топли радијатори, а државната компанија ќе разгледува нови понуди на заинтересирани фирми за снабдување.
Со оглед дека швајцарската ПЕГЕО известила дека не може да почне со испорака пред 15-ти ноември и од неа ќе се бара да достави нова понуда.
Според најавите деновиве ЕСМ дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со приватната гасна електрана ТЕ ТО за месец ноември за преземање на топлинската енергија, која ќе треба да влезе во системот на загревање за градот Скопје.
