Економија

Mало зголемување на просечната каматна стапка кај вкупните кредити во септември

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 4,35 проценти и бележи мало месечно зголемување од 0,01 процентен поен. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,11 процентни поени. Слична динамика има и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити, којашто изнесува 0,70 проценти, додека на годишно ниво забележан е пад од 0,08 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка во септември изнесува 4.09 проценти по забележан месечен и годишен раст од 0,05 и 0,06 процентни поени соодветно, додека просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,15 и 0,22 процентни поени на месечна и на годишна основа и сега изнесува 1,07 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите, на потег е Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе