Вести Економија Најважни

Македонија и Бугарија со договор го отвараат пазарот за набавка на гас

Mакедонија ја намалува завосноста од руски гас. Денеска во Софија државните „ГА-МА“ и „Булгартрансгаз“ потпишаа договор со кој се зголемува притисокот во гасоводот кој ги поврзува двете држави преку интеконекторот „Ќустендил – Жидилово“. Со ова се зголемува протокот на гас за 500 илјади нормални метри кубни гас и вкушниот капацитет ќе биде нешто над 3 милиони нормални метри кубни гас.

Македонија и Бугарија потпишаа договор со кој диверсификацијата на пазарот за гас е чекор поблиску. Државаните „ГА-МА“ и „Булгартрансгаз“ постигнаа договор за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на интерконекторот „Ќустендил-Жидилово“. Со договорот се предвидува зголемува на притисокот на компресорската станица односно количините на гас кои може да минат низ интерконекторот и се отвара можност за снабдување од други извори.

Договорот кој стапува на сила од 1 јануари идната година предвидува зголемување на притисокот на компресорската станица со што капацитет на испораката ќе се зголеми за 500 илјади нормални кубни метри гас и ќе биде 3 милиони а тоа отвара можност за ослободување на дополнителни и доега неискористени капацитети.

Со договорот се предвидува зголемувањето на опсегот на дозволениот состав на гасот и се изедначуваат дозволените вредности на составот на гасот како што се во Грција и Бугарија.

Исто така се менува и методологијата за пресметка на количината на гас и начинот на определување на квалитетот на гасот па отсега наместо во кубни метри ќе се пресметува во киловат часови. Се менува и времето на почеток на гасен ден од сегашниот 8 часот навечер на 6 часот попладне согласно нормите на ЕУ.

До 1 јануари и стапување на сила на договорот двата оператори ГА-МА и Булгартрансгаз ќе го користат како тест период а дотогоаш се очекува и потпишување на договори со нови снабдувачи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе