Емисии Код

КОД: Уапсениот дипломат со обвинувања за Османи, Милошоски. МНР не одговорило на адвокатските барања во Србија додека бил во притвор

Второ продолжение од ексклузивното интервју со Миле Миленковски, македонски дипломат којшто по ерменска потерница беше уапсен во Србија лани во август и помина 5 месеци во притвор во Врање. Во своето прво телевизиско интервју, Миленкоски објаснува како бил оставен од своите колеги од дипломатијата и од МНР откако за него бил изготвен извештај од македонска разузнавачка агенција во кој, како што сметаат неговите најблиски , биле изнесени многу невистини и клевети.

КОД за оваа емисија побара одговори од надлежните институции за наводите на Миленкоски. МНР која по ослободувањето од притвор го отпушти Миленкоски вели дека морале така да реагираат затоа што Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации му го одзела сертификатот „строго доверливо“.

Адвокатот на Миленкоски од Србија, во изјава за КОД објаснува дека досега имал повеќе притворени странски клиенти но првпат не добил никаква помош или одговори кои ги барал од амбасадата на земјата чиј државјанин го застапувал. Дополнително не му одговарало ниту МНР од Скопје иако станувало збор за дипломат.

Во интервјуто, Миленкоски открива и детали за поранешни и сегашни функционери и колеги-амбасадори кои наместо да му помогнат го обвинувале за политички цели. Ги спомнува Антонио Милошоски, Бујар Османи, Виктор Димовски од АНБ, но и многу други.

Ерменската врска на дипломатите од МНР со ново продолжение во КОД (емитувано на 30.10.2022.)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Топ тема“: На хартија мед и млеко, но како ќе се спроведат ветувањата за борбата со корупцијата?

Дејан Дејан

„Топ тема“ (14.05.2024) Опортунизам за дома, со потенцијал за изолационизам од надвор

Дејан Дејан

Топ тема (13.05.2024) Таравари оптимист за уставните измени и евроинтеграциите на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе