Вести Економија Најважни

Започна изградбата на источното крило на железничкиот коридор 8

Говори, ветувања, многу пресечени ленти и фрлени милиони евра во ветер, но возот од Скопје до Софија никако да тргне. Најновото ветување стигна денеска, од актуелниот премиер, кој овојпат не пресече лента, но заедно со неговиот привремен бугарски колега, официјално ја почна изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

Донев порача дека Коридорот 8 е важен за сите три земји, како за Бугарија, така и за Албанија и Македонија и дека без сомнеж ќе придонесе за додадена вредност на развојот на целиот регион.

Ветување дека, овојпат на работата ѝ се гледа крајот, дадоа и министерот Бочварски и директорот на Македонски железници.

Пругата почна да се гради во 1994-та година. Активностите беа прекинати по неколку години. Процените се дека тогаш во ветер отишле околу 100 милиони евра. Потоа владата на Никола Груевски ги продолжи активностите во 2014 година, па повторно ги запре, за истото ветување да го даде и Зоран Заев.

Сега изградбата на овој дел од пругата е доверена на компанијата „Штрабаг“, а на делот од Бељаковце до Крива Паланка на компанијата „Ѓуљермак“.

Договорот со „Штрабаг“ тежи 40,5 милиони евра, а договорот со „Ѓулермак“ вреди 155 милиони евра.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе