Вести Економија Најважни

Само Макпетрол со комплетна понуда за гас до ЕСМ

ЕСМ ја разледува можноста за во ноември да купи гас од домашната Макпетрол. Само оваа компанија до сега има доставено уредна документација до државните електрани. Дали и од кого ќе се купат останатите количини за до крајот на грејната сезона ќе се знае за два до три дена. Се чекаa понуди од уште неклку компании. ЕСМ со апел до нив да ги комплетираат документите и истите да ги достават.

Управниот одбор го задолжи ЕСМ Продажба да ја појасни Информацијата преку испраќање допис до трите компании со барање да ги допрецизираат своите информации кои ги испратиле и истите да достават конечни понуди за месец ноември за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика, и понуди за евентуално вклучување во режим на работа на приватната гасна електрана ТЕ ТО, од која исто така е побарана информација дали тие самите имаат обезбедено природен гас и за кој период. Оваа информација е потребна бидејјќи ТЕ ТО произведува и електрична енергија, но и топлинска енергија која влегува во системот на парно греење на градот Скопје, се вели во доспиот до ЕСМ

Премиерот Ковачевски рече дека ако има поволна понуда, и приватната ТЕ-ТО може да купи гас по пониска цена. Договорените количини пак за компресиран гас од Србија се за одредени потрошивачи кои доставиле барање дека им се неопходни.

Инаку, ЕСМ има потреба од нешто над 250 милиони кубни метри гас за до крајот на грејната сезоја за топланите  Исток и Запад,  но и за  ТЕ-ТО. Ако пак не се најде поволен понудувач топланите ќе работата да дизел, кој пак планот е да се набави на јавен повик, а не се исклучува можноста да бидат активирани и државните резерви. Но, дали ќе има доволно време да се набави ова гориво и да се адаптираат топланите, од ЕСМ уверуваат дека има доволно простор, а во меѓувреме се правеле сите подготовки во случај да нема гас,  топланите веднаш да почнат со работа на дизел.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе