Вести Економија

Над една милијарда денари бараат компаниите што конкурираа за надзор на автопатите на коридорите осум и десет

Три фирми се во игра за избор на надзор на конзорциумот Бехтел и Енка, кој ќе ги гради четирите автопатски делници од Коридорите 8 и 10. Понудите денеска беа отворени во Јавното претпријатие за државни патишта. Бараат надзорот да го вршат за сума од над една милјарда денари

Понудите, што беа отворени денеска во Јавното претпријатие за државни патишта, се од фирмата „INGEROP CONSEIL ET INGENIERIE“ која конкурира со 1.106.040.600 денари, друштвото „IRD ENGINEERING“ со понуда од 1.374.304.070 денари, како и „ХИЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“, со понуда од 1.533.721.722 денари, велат од ЈПДП.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочвараски од Свети Николе истакна дека по отвоарањето на понудите  ќе следи и одредена  постапка за избор.

Ова е втор повик за избор на надзор за Кордидорите 8 и 10, откако првиот пропадна, бидејќи избраната фирма не доставила банкарска гаранција. Изградбата на автопатските делници Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостива-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан се очекува од наредната година. Според Бочварски прва и најлесна делница од аспект на експропријација на земјиштетот е Гостивар-Кичево, а се очекува најдолго да трае постапката за делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, за неа државата ќе мора да добие и мислење од УНЕСКО, бидејќи трасата поминува покрај Охридското езеро.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе