Вести Економија Најважни

Бизнис секторот подготвува стратегија за развој кој ќе биде „лектира“ на сите идни влади

Економски раст не е доволно, потребно е да има и економсмки развој а за да се постигне тоа мора да се има стратегија на среднорочен план. Бизнис секторот бара предвидливост и поддршка од државата, не само во форма на субвенции или намалување на даноци, туку и запирање на процесот на иселување на младите и стручниот кадар, владеење на правото, борба со корупцијата и со сивата економија. Сето ова ќе биде преточено во Стратегија за развој на економијата во наредните 20 години која треба биде дел од програмата на секоја идна влада која бизнис секторот ја подготвува со поддршна на УНДП.

На дебатата на која присуствуваа претставници на бизнис секторот беше потенцирано дека при правењето на оваа стратегија мора да се анализираат и минатите и да се утврди прецизно каде и зошто потфрлиле.

Човечкиот фактор, нерамномерен економско индустриски раст на регионите во Македонија, отворени граници, образован кадар, структура на пазарот на труд, пристап до финансиски средства, стабилност и намалување на инфлацијата, пристапот до нови пазари и намалување на увозната зависност се само дел од клучните прашања на кои денеска се дебатираше, а чии одговори ќе бидат водич во стратегијата.

Според податоците презентирани на дебатата Македонија има највисока стапка на невработениост во регионот од 15,6 отсто, иселувањето на граѓаните а не добрите политики е клучниот фактор поради кој паднала под 20 отсто. Кај младите стапката е дури 35 отсто невработеност.

Според бизнис секторот клучен проблем е и исклучително високиот јавен долг поради кој државата форсира со данчони измени и наплата, што дополнително ги оптоварува бизнисите.

Министерот за финансии Фатмир Бесими информираше дека во 2023 година Македонија на име на стари долгови и камати ќе треба да плати 1 милијарда и 400 милиони евра, па затоа во наредниот период ќе се работи на даночните реформи, ефикасноста на УЈП и инспекциските служби, подобрување на наплатата на буџетските приходи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Трамп: „Ќе ја завршиме војната меѓу Русија и Украина“

Дејан Дејан

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа кај Свети Николе: 10 повредени, дел со тешки повреди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе