Вести Економија Македонија Најважни

Македонија ќе ја заврши годината со скромен раст од 2,1 отсто

Македонија годинава со најмал економски  раст во регионот, од скромни 2, 1 процент, се наведува во најновиот извештај на Светска банка. Иако, Владата со ребаласот на буџетот  предвиде 2022 да се заврши со раст на БДП од 3, 2 отсто, проекциите на банката се многу пониски. Ниту следната година не се очекува некое придвижување.  Според банката земјава се соочува со најголемата инфлација до сега, која  и натаму ќе биде под притисок. Не се исклучува  можноста и од краткорочна рецесија, за која надежите се дека нема да се продлабочува. Од Светска  банка сугерираат, неопходни се сериозни политики  за придвижување на економијата. За ублажување на ценовните  шокови, ограничените маржи не се лоша политика, но неопходни се субвенции.

-Влезните цени кои влијаат на конечната цена се високи и тука можете да ги намалите трошоци туку миоже да го намалуте притисокот. Понатаму се потробни регулаторни реформи за да се зајакне конкуренцијата затоа што некои маржи се многу повисоки. Од друга страна некои се обдуваат со дотур на подреднеи произвбоди па ако се обезбедат и одредени субвекции може би локано да се намалат влезните цени на одреднеи производи, вели Сања Маџаревиќ- Сјустер- светска банка.

Светска банка и со забележи за работата на парламентот.  Се кочат  реформи за кои не се потреби многу пари, а се значајни за сите.

-Сегашното функционирање на парламентот може да е пречка за реформи. Видовме случаи законо кои им требаше две години да се донесе не чинат пари но се многу важни за општетсвото, додава Маџаревиќ- Сјустер.

Иако, стопанствениците алармираа  дека сега не е вистинско време да се направат најавените даночни реофрми, од банката сметаат  дека со таквите промени  ќе се растеретат оние кои се посиромашни на сметка на оние кои повеќе заработуваат.

Во извештајот се наведува дека јавниот долг на земјава ќе расте, но просторот  за задолжување ќе  се стеснува. Владата не само кај нас,  туку и во регионот се потешко ќе може да носи мерки за помош. Годинава пак, со најдобра економија  ќе биде Црна Гора. Во однос на енергенси  за сега најдобро стои Србија, главно заради односите кои ги гради со Русија, но  I поради  нецелосното воведување на санкциите  кон Москва.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе