Емисии Код Македонија

КОД: Вработени во Еуростандард на венецуелската врска „дојавиле“ акција на обвинителството за зазмрзнување на 12 милиони евра

Во мај во 2019-та, трансфер од 12 милиони евра, пари од Венецуела е регистриран на сметка на фирма во Еуростандард банка. Според првичните информации кои ни ги даде поранешен вработен во банката, трансакцијата била регистрирана, но легнувањето на парите требало да биде заверено и довршено.

Испраќачот имал сметка во руска банка, а во Македонија милионите евра требало да легнат на сметка на компанијата ББСТ Труст Латам. Во тоа време веќе била отворена истрагата за милионите од Венецуела.

Компанијата ББСТ Трус Латам била една од фирмите кои биле опфатени со истрагата. Сопственици на оваа мала компанија отворена во една канцеларија во центарот на Скопје, во она што КОД Го нарече мал Каракас, биле Кристиан Артуро Бариос Марчант и Даниел Аркадио Годои Гонзалез.

Бариос по државјанство е Шпанец, по потекло од Венецуела, а има и американски пасош. Годои Гонзалез по адреса е од вистинскиот Каракас, главниот град на Венецуела.

Фирмата ББСТ Труст Латам е отворена на 27-ми март 2019-та година, а пари на сметката на фирмата почнале да пристигаат веќе во април.

Според завршните сметки доставени во централниот регистар, ББСТ Труст имал над 4 милијарди денари или во евра 65 милиони евра, три години по ред. 2019-та, 2020-тата и 2021-вата.

Биле прикажувани постојано иако парите веќе биле префрлени надвор од Македонија. Некој во име на ББСТ Труст давал завршни извештаи во централен регистар иако банкарската сметка во Еуростандард веќе била нефункционална затоа што банката пропадна во август 2020-тата.

Парите според информации на КОД се истражени преку системот за трансакции СВИФТ и стигнале од Русија. Претходно, најверојатно во кеш биле префрлани со авиони од Венецуела.

Но покрај овие 65 милиони евра, пролетта 2019-та имало обид за уште една трансакција, како што веќе кажавме од 12 милиони евра. Но во последен момент испраќачот од Москва се премислил и ги повлекол од ББСТ Труст –Скопје.

Изворот на КОД од поранешни добро информирани службеници во Еуростандард тврди дека високо позициониран менаџер дознал дека македонските истражни органи чекаат потврда на трансакцијата за да ги запленат и замрзнат парите.

Потоа им дојавил на сопствениците од Венецуела/Шпанија и тие ги повлекле парите. Така акцијата на македонските власти била спречена. Според нашиот извор, од 12-те милиони евра, 8 требало да бидат извлечени надвор од Македонија, а во државата да останат 4 милиони како противуслуга и аванс за криминалците кои им помагале на колегите од Венецуела.

И ова според информации на КОД е опфатено со како што извести обвинителството „сензитивната истрага“ за која не откриваат детали ни три и пол години по отварањето.

Миомир Серафиновиќ

Повеќе: КОД: Директори од администрацијата на Мадуро доаѓале во Скопје

Целата емисија за вториот дел од истражувањето за парите од Венецуела и истрагата долга 3 и пол години, како и интервју со Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на министерот за финансии на наредниот линк:

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Утре на гласање само еднаш, на гласачките места по две кутии

Дејан Дејан

Живот „зад решетки“, но и граѓанска должност, права и обврски – затворениците гласаат на двојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе