Вести Економија Топ вести

Турција е следната дестинација од каде Македонија ќе бара гас и струја

Труција е следната дестинација каде ќе се бара гас и струја.  По неизвесноста дали ќе се постигне договор со Бугарија , од таму да се испорачуваат одредени  количиини електрична  енергија,  минстерот  Бектеши, директорот на МЕПСО Муртезани и на НЕР Барјам Реџепи во четврток заминуваат за Истанбул. Ќе се разговара со турски Бошат, компанија  која врши пренос на гас, за да се види дали има можнсот од таму да се обезбедат  потребните енерегенси за престојната зима.

Отако во јавноста излегоа информациите дека договорот со Бугарија за набавка на одредени  количини на стурја од таму е пропаднат, Бектеши уверува дека  договор не е постигнат затоа што се чека Европската комисија да ги најави  новите мерки со кои се очекува цената на струјата да се ограничи на 180 евра за мегават час. Планот е ако има договор со Софија, оваа електирчна енегија да оди дирекно за  фирмите кои се на отворен пазар и кои во моментов  плаќаат  значително повисока цена за мегават.

Бектеши тврди во тек се разговори со сите соседни земји како полесно да се помине престојната зима. За скоро ќе биде објавен  договорот  кој земјава  го има направено со Србија,  а за набавка на енергенси се преговара и со Албанија и Косово. Претходно владин тим беше во посета и на Атина каде  падна договор за испроака на јаглен  и мазут до крајот.

Властите очекуваат сите овие посети и договори да помогнат да се активираат сите енергетски капацитети и престојната зима која се очекува да биде најтешка да се помине полесно. Во меѓувреме на сила се препораките за рационално користење на струјата, а денеска Бектеши на средба со поглаварот на ИВЗ побара поддршка во штедењето . Иста таква средба е планирана и со МПЦ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе