Вести Македонија

40 проценти од владините ветувања на половина од мандатот не се исполнети, а целосно се реализирани само 13%

Вака изгледа графичкиот приказ на исполнетите ветувања на владата на половина од мандатот. 40% од ветувањата кои ги дала владата остануваат неисполнети, а 4 проценти се во спротивна насока, за 7 отсто од ветувањата нема податоци. Целосно исполнети се 13 отсто, а во насока на исполнување 37 проценти. Ова го покажуваат податоците на дигиталната платформа „КОМПАС“ кои го следеле исполнувањето на владините ветувања.

„ Во социо-економскиот дел следиме 44 ветувања, од нив само 36% имаат позитивна траекторија, 11% се целосно реализирани и 25% се во насока, во спротивно на 64% кои стагнираат или одат во спротивна насока“, кажа Благица Петрески, од Фајнс Тинк.

Најмногу исполнети ветувања има во образованието, најмалку во социјалната политика, а ниту едно ветување не е исполнето во однос на родовата еднаквост. Во здравството и младинските политики има одредени поместувања.

„Од следени 38 мерки исполнети се 12, а во насока на исполнување се 22 мерки, 2 не се исполнети, а за 2 од мерките нема податоци“, рече Ана Мицковска Ралева, Македонски центар за граѓанско образование

„Од вкупно 31 мерка што следиме, целосна реализација има на 4, 2 се делумно реализирани, 2 се во фаза на реализација. Највидливи резултати има во кадровска политика и подобрување на пристапот до одредени здравствени услуги“, рече Кирил Солески, Македонско лекарско друштво

„Следиме 31 ветување, од нив во текот на овие две години се исполните 4, а 5 се во насока на исполнување, додека 22 се воопшто нереализирани“, вели Ристо Савески, Младински образовен форум

Резултатите покажуваат дека иако кај дел од владините ветувања е забележан напредок, сепак значителен број мерки се уште немаат видлива реализација или се движат со побавно темпо од предвиденото.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои извештајот на Вајц со барањето за историската комисија

Дејан Дејан

Банкарите уверуваат : Ако има зголемување на каматите тоа ќе биде постепено, одлуката на НБРМ не ги изненадила

Дејан Дејан

Со намалено производство на храна, помали приходи и недостиг на вода – одбележан Светскиот ден за борба против сушата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе