Вести Економија Македонија Топ вести

Контрола на квалитетот на јагленот и мазутот, како и на работата на РЕК Битола и Термоелектраната Неготино, најави Нуредини

Набавките на јаглен и мазут за РЕК Битола и Термоелектраната Неготино, би значело и нивно работење со поголем капацитет. Но тоа значи и поголемо загадување. Термоелектраната која проработи лани, од ладна стана златна резерва за производтсво на струја. Мазутот кој ќе се набавува од Грција треба да ги надополни енергетските капацитети на државата. Но употребата на мазут значи и поголемо загадување. Ова се снимки кога ТЕЦ Неготино работи, па жителите и екологистите често пати се жалат на зголемени ПМ честички.

Прашан што ќе преземе за загадувањето Министерот за животна средина Насер Нуредини за Телма изјави дека ќе се контролира квалитетот на мазутот, но и работата на овие капацитети.

  • ,,Ова е светска енергетска криза за жал, но и РЕК Битола и Тец Неготино кои користат јаглен и мазут, мора да работат во рамките на Законот. Ние како Министерство ќе бараме од ЕСМ да ги почитуваат законските норми. Од Министерството за економија ќе бараме да врши контроли на увезениот мазут“ изјави за Телма министерот за просторно планирање и животна средина.

 Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски информираше дека ТЕЦ Неготино работи со половина капацитет затоа што се прават подготовки и дополнителна набавка на мазут за да работи со цел капацитет. Во однос на загадувањето тој за Топ тема изјави дека : „Или ќе имаме мало загадување или ќе имаме рестрикции во државата – трета опција нема.“

Во меѓувреме екологистите предупредуваат дека скапата струја, поскапените огревни дрва и кризата со енергенси може да ги натера граѓаните да согоруваат материјали штетни за здравјето на луѓето. Најголема опасност е горењето на гуми за греење.

Министерот Нуредини, вели дека иако сме во енергетска криза, тоа не значи дека треба да се грееме со сѐ што е можно. Побара граѓаните да бидат поодговорни во однос на заштитата на животната средина.

Согласно Законот за квалитет на амбиентиот воздух општините заедно со централната власт имаат обврска да воведат соодветни мерки за избегнување, спречување или намалување на штетните ефекти од загадувањето на воздухот врз човековото здравје, како и за животната средина како целина.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе