Вести Економија Македонија Топ вести Топ тема

Ковачевски за Топ Тема: Во Грција разговаравме за набавка на 1 милион тони јаглен за наредните 12 месеци и околу 250 000 тони мазут од ноември до април

Досега сме набавиле имаме договори околи 300 000 тони јаглен од Грција, цената се движеше околу 55 до 62 евра , во зависност од калоричната вредност. Тоа е јаглен со слични карактеристики и подобри од нашите, затоа што нашите рудници се во завршна фаза. Нашиот квалитет се движи околу 1350 килокалории, нивните се над 1650 до 1800-тини. Денеска договаравме за наредните 12 месеци, да имаме испорака по отприлика 80 000 тони јаглен на месечно ниво, примарно за потребите на РЕК Битола, но дел од количините може да бидат користени и во РЕК Осломеј. Тоа значи дека за 12 месеци треба да обезбедиме околу 1 милион тони јаглен, по цена која ќе биде конкурентна“ изјави во вечерашната Топ Тема, генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според Ковачевски, добавувачите на јаглен кои го носат од Грција,  превозот го вршеле за околу 15 евра  а сега е околу 25 евра од тон. Значително е зголемен заради зголемувањето на цената на горивата, на дизелот, додаде тој.

Во однос на цената на мазутот тој објасни дека таа е регулирана од Регулаторната комисија за енергетика и по таа цена се купува мазутот.

Кога објавуваме јавна набавка за набавка на мазут, фиксирана е цената, по цена која ќе ја одреди регулаторната комисија за енергетика. Да потсетам дека ние на крајот на февруари, почетокот на март, склучивме договор за набавка на мазут, за 144 000 тони и таа набавка и испорака трае заклучно со октомври. Денеска разговаравме за количини кои ќе бидат потребни од ноември до крајот на април, значи 7 месеци и негде месечно нас ќе ни требаат околу 30 до 35 илјади тони, значи вкупно 250 000 тони мазут додека трае грејната сезона. Тој мазут ќе биде најмногу потребен, негде 80 до 90 проценти за термоелектраната во Неготино, но исто така дел од количините ќе бидат потребни и за во Битола и Осломеј, како техничка поддршка при старт на котлите и одржување на работните температури“ – кажа за Топ Тема, првиот човек на ЕСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе