Вести Македонија Топ вести

Падна фасада од зграда во Карпош, оштетени три возила

Три возила се оштетени откако падна дел од фасада од зграда во општина Карпош на улицата Јуриј Гагарин број 33. Полиција беше на лице место и направи записник а додека екипата на Телма снимаше, повторно дел од фасадата падна врз паркираните автомобили на жителите на висококатницата, кои втор пат се соочуваат со истиот проблем.

„Денеска околу 16:20 часот комшиите нè известија дека е паднат дел од фасадата. Оштетени се три возила. Известени се повторно центарот за управување на кризи, полиција. Малку тешко одеше контактот со инспекторатот од Општина Карпош, но мислам дека полиција тоа ќе го реализира. Бараме решение од Општина Карпош и да постапи по истиот. Ова е опасност за станарите и за случајните минувачи. Само среќа е дека во двата наврата нема повредени жители од овој дел или случајни минувачи“, вели Ана Донеа, станарка во зградата.

Еден од оштетените возила е токму на Ана Донева. Тие веднаш се обратиле и до општина Карпош, а оттаму веќе излегоа на терен и го одбележаа местото за да не се повреди некој случаен минувач. Од општина Карпош лани кога прв пат паднал дел од фасадата писмено во октомври 2025 година  ги известиле дека се преземаат сите дејствија за решавање на проблемот.

„Во моментов се врши избор на најповолен понудувач после кој ќе се пристапи кон реконструкција на оштетениот дел од фасадата“, ги известиле од Општина Карпош во октомври 2025 година. 

Една година подоцна ништо не е преземено.Сега од општината за Телма велат дека одржувањето на фасадата е обврска на жителите на зградата. Станарите повторно побарале помош од локалните власти и очекуваат официјален одговор. Фасадата е реновирана од страна на општина Карпош во 2015 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески: Потребна е целосна финансиска независност на обвинителството и подобри услови за работа

Sasko Dimovski

Формирале медиумски канал на интернет и поттикнувале создавање на терористичка група – кривична пријава против пет лица од Скопје

Sasko Dimovski

(Видео) Европа ја лансира Аријана 6 во вселената

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе