Вести Економија Македонија Топ вести Топ тема

Ковачевски во Топ Тема: Државата ќе ги обезбеди потребните количини за гас за ТЕ-ТО да произведува струја но и топлинска енергија за Скопје

Минатата година точно е дека имавме најниско производство на електрична енергија во државата, оваа година имаме 40 % зголемување само во делот на термоелектраните или вкупно, кумулативно имаме зголемување за 15 % во претходната година во однос на првите 7 месеци, изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во вечерашната Топ Тема.

Тој во емисијата покажа и табела која според него илустрира дека кога ќе се погледне историското производство на електрична енергија во нашата држава, во однос на термоелектраните, се забележува дека од 2010-та година наваму има надолна линија.

„Тоа значи дека се исцрпуваат резервите на јаглен во нашата држава. Во 2018-та година кога јас станавав директор во РЕК Битола, отпочнавме процедура за проширување или отворање нов  рудник во Суводол, затоа што во 2019-та година, требаше да го ставиме клучот таму, бидејќи немаше стратегија како понатаму. Само за една година и 3 месеци успеавме без застој, во тек на работа, да отвориме нов рудник“ – рече Ковачевски.

„Вкупно од Суводол и Брод-Гнеотино не се доволни количините за ова производство кое е денес потребно во државата, затоа што домашното производство заради термоелектраните се намалува а индустрискиот раст и потребите за електрична енергија се зголемуваат.“ – рече Ковачевски.

„Во 2020 година го утврдивме и зеленото сценарио и ако се сеќавате имаше прес конференција на која кажавме дека во 2025-та година ќе се затвори првиот блок во Битола. Во 2027-ма, 2028-ма да се затвори вториот блок во РЕК Битола. И во 2030-та кај што имаме потпишано договор со европска енергетска заедница требаше да се затвори и третиот блок во РЕК Битола. Токму затоа ги градиме фотонапонските електрани во Осломеј, затоа што во енергетската стратегија, сега оваа зима, 22-23-та стои дека Осломеј треба да се затвори“ – подвлече Ковачевски.

Тој додаде и дека до крајот на годината ќе почне да се прави ископот од Живојно.

Ковачевски кажа дека реално, со оглед на тоа дека е застарена технологијата во РЕК Битола, со подобрени карактериските на јагленот, домашниот и увозниот, може да се работи со оптимална снага од 170 до 180 мегавати по еден блок.

„Значи трите блока можат да дадат околу 540 мегавати снага. Осломеј има инсталирана моќ од 120 мегавати, меѓутоа работи со 90, затоа што оваа година, тој требаше да биде и затворен.ТЕЦ Неготино, работи со половина капацитет, затоа што се прават подготовки и дополнителна набавка на мазут, за да работи со цел капацитет.“ – рече Ковачевски.

Во однос на гасните капацитети, првиот човек на ЕСМ посочи дека државата ја има само приватната гасна електрана ТЕ-ТО во Скопје.

„Ако таа се вклучи да работи а треба да работи, исто како минатата година, се прават разговори со ТЕ-ТО да работат од Октомври месец, таа енергија – 205 мегавати ќе биде искористена за отворениот пазар, слободниот пазар, односно за бизнис секторот, кај што исто така има потреба од дополнителна електрична енергија, која треба да биде со пониски цени од оние кои се денеска на берзите “ – рече Ковачевски.

Тој додаде се уште ништо не е договорено со ТЕ-ТО и во тек се преговорите меѓу компанијата и ЕСМ.

„ Доколку направиме договор, во континуитет ТЕ-ТО да работи и да испорачуваме електрична енергија кон отворениот пазар, тогаш треба да влеземе во договор за деловно-техничка соработка, ТЕ-ТО со ЕСМ. ЕСМ ќе го набави гасот, со владина поддршка, со поддршка од буџетот, да се обезбедат финансиски средства, гасот да се набави по многу пониски цени, отколку денеска што е на пазарот. ТЕ-ТО работи со цени на гасот кои денеска се околу 2000 евра. Државата ќе ги обезбеди сите потребни количини на гас. Прво, ТЕ-ТО да работи за да произведува електрична енергија за бизнис секторот а второ како нуспроизвод да ја користи топлотната пареа, која задоволува 60 до 70 % од топлинската енергија за градот Скопје.“ – изјави Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе