Вести Македонија Топ вести

Условни казни за Тодоровиќ и сопругата за лажното сведочење во случајот „Талир“, се спогодија со Обвинителството

Поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на компанијата „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ и неговата сопруга се спогодија со Обвинителството и добија условни казни откако беше утврдено дека дале лажно сведочење и ја попречувале правдата во случајот „Талир“.

Покрај алтернативни мерки – условни казни затвор од две години, односно од шест месеци, треба да ги платат и судските трошоци, објави БИРН.

Во пресудата на Кривичниот суд во Скопје, пишува дека обвинетите се спогодиле со скопската обвинителка Елма Сулејман, а судот подоцна таа спогодба ја потврдил во пресуда. Трите судијки: Џенета Бектовиќ, Славица Андреевска и Верка Петковска, оцениле дека условната казна за Тодоровиќ и за сопругата се доволни.

Пресудата е правосилна, а во неа се додава дека сопругата на Владимир Тодоровиќ, во 2020 година во скопски ресторан договорила средба со сопруга на друг сведок.

„Предала два листа испишан компјутерски текст на латиница, кои содржеле насоки за тоа каков исказ треба да даде лицето А. Н. на главната расправа пред Кривичниот суд во Скопје“, се вели во пресудата, според БИРН.

Тоа значело дека сведокот што го договарала брачната двојка, пред судот требало да сведочи различно од она што било сведочено во истрагата пред јавниот обвинител. Ова е вторпат поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, да избегне директно судење. Претходно, во 2018 година, по истражната постапка што ја спроведе Финансиската полиција, тој во буџетот врати 436 илјади евра поради тоа што ја оштетил општината за изградба на барокниот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Во изминатиот период, со обвинителството се спогодија и „капиталците“ Сашо Мијалков, Орце Камчев, како и Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски во предметот „Империја“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе