Вести Македонија Најважни

Свидетелствата доцнат, фирмата „Арбериа дизајн“ зафатена со органзирање државна прослава за одбележување на рамковниот договор за 100.000 евра

Од едната страна потписници владини функционери од ДУИ, од другата на договорот за јавни набавки сопственикот на „Арбериа Дизајн“, Хасим Хамзаи. Истата пракса со години, а само лани 61 јавна набавка завршила во раце на тетовскиот печатарски магнат. Фирмата којашто традиционално победува на јавните набавки за печатење свидестелства.

На 2 седмици од почетокот на учебната година, сведителства нема. Но затоа има два тендери на контото на „Арберија дизајн“ во висина од 13 милиони денари за оваа цел. Додека, учениците од повеќе паралелки чекаат писмен доказ за нивниот успех, „Арбериа“ се понуди и победи на тендерот на министерството водено од Артан Груби и утре треба да ја организира прославата за одбележување на Рамковниот договор. 100.000 евра за хотелско сместување, озвучување, хостеси, пејачи и кетеринг.

Фирмата е основана со шифра на дејност „печатање“, но на нивната интернет страница се промовираат неколку други бизнис понуди. Сопственикот е основач и добитник на јавни набавки во вредност од 1 милијарда денари.

Телма го побара и го доби на телефон, но е надвор од државата. Ги избегна прашањата, заради скапиот роаминг, кога ќе ги испечати и испорача свидетелствата на учениците.

Работењето на фирмата миленик на јавните инстиуциите е продукт на лошиот Закон за јавни набавки. Познавачите за Телма велат дека е проблематично е што оваа фирма никогаш не добила лоша референца.

Првиот човек на „Арберија“, Хасим Хамзи, не е нов за јавноста. За изброите во 2015-та за партијата ДУИ донирал трикратно повеќе од лидерот Али Ахмети. Доспеа во јавноста и во 2018- тата кога оваа фирма склучи со Министерството за образование неколку договори во четири очи. Одговорност нема, а добрата соработка продолжи.

Пет министри се променија, и ниту еден не се откажа од услугите на тетовскиот печатарски магнат. По, истата формула, најниска понуда и одбивање на жалбите од конкуренцијата, „Арберија“ царува во државните институции.

Вина каде се свидетелствата нема. Само ветувања дека ќе бидат дистрибуирани наредната седмица.

Додека се чека круната на постиганиот успех, недостигаат и учебници за најмалку две одделенија. И за тој тендер е пријавена „Арбериа“. Електронската аукција завршува денеска, а среќниот добитник ќе се знае деновиве. Основците и средношколците ќе седнат во училишна клупа на 1- ви идниот месец, а за догодина се навестува поместување на школската година за 10 дена. Крајот да биде на 20-ту јуни, но засега ова е само идеја која ја соопшти надлежниот министер Јетон Шаќири.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе