Вести Економија

Владата нема закажано седница, се одложува највеното воведување кризна енергетска состојба

Сѐ уште нема ништо за енергетската кризна состојба. Иако беше најавено дека ќе биде прогласена во август, половина влада замина на одмор. Владината седница на која треба да се донесе, не е закажана. Сепак, од владините служби уверуваат дека нова кризна состојба ќе има овој месец, но точно од кога, не се  знае.

Прогласнување на кризна состојба на пазарот со струја е потребно за да може со 100 милиони евра од ЕБОР да му се помогне на ЕСМ да ги набави потребните количини јаглен и мазут, за да се активираат енерегетските капацитети за престојната зима, која се очекува да биде една од најтешките.

Нема ништо ниту од најавените антикризни мерки на кои Министертвото за финансии работеше претходниот викенд. Дел од експертската јавност со сериозна критика. Велат и покрај сите показатели со кои располагаат за тоа што ќе се случува во енерегтиката, владата продолжува да се однесува неодговорно. Мерките за штедење за следната грејна сезиона требало да се донесат уште на почетокот на годинава, а не се сигурни ниту дека ќе бидат избегнати рестрикциите.

ние немаме показатели, а тие ги имаат сите и да се однесуваваш несериозно. Поголемите градови не верувам зошто тука се нашите економски центри и тука нема да има, но во помалите места каде нема големо економско влијание со помало население, мислам ќе има и тоа би било фер да им се каже на тие граѓани. ќе има, тоа го прават и членки на ЕУ, вели за Телма професорот Абил Бауш.

Власите пак тврдат дека зимата ќе биде тешка, но дека се работи на тоа сите енергетски објекти да бидат активни и ако се оди според планот, рестикции не очекуваат.

Ако се оди според планот и ако нема забрана за изовоз на струја како што тоа еднаш го направи Бугарија, јас не верувам дека ќе има рестрикции, но ќе ја имаме една од најтешките зими, и ситуацијата е толку неизвесна. Се зависи како ќе се одвива и конфликтот во Украина, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Во меѓувреме европските држави на големо се подготвуваат за зимата. Дел до државите побараа  индустириските капацитети да ја намалат употребата на гас, а од бизнис секторот да го пратат секој оној кој може да работи од дома. Температурите на клима уредите за ладење и греење се ограничени. Кризниот план предивува во и сите институции, канцеларии, излози и на спомениците, осветлувањето да се исклучува по 22 часот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија за нашите деца и внуци

Дејан Дејан

1078 домашни и 770 странски набљудувачи ќе ги следат изборите во среда

Дејан Дејан

Проширувањето на ЕУ треба да се заснова на рамнотежа на геополитичката волја и заслугите на кандидатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе