Вести Економија

Повторно се појави африканска чума кај свињите

Африканска свинска чума повторно се појави во Пијанечкиот регион, по Драмче сега оваа болест кај домашни свињи е потврдена и во екстензивно одгледувалиште во село Моштица во Општина Македонска Каменица. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вели дека направена е инспекциска контрола и лабараториско испитување, по што преземени се сите мерки за уништување на вирусот.

Контролните мерки предвидуваат попис во рок од пет дена и целосно уништување на домашните свињи во радиус од три километри, опфаќајќи ги населените места Моштица, Македонска Каменица, Косевица, Саса, Цера и Костин Дол во Македонска Каменица. Во зоната од 10 километри се и одгледувалиштата и фармите во општините Кочани, Виница, Делчево и Македонска Каменица, како и пограничните места со Србија и Бугарија.

Но, токму преку дивите свињи или граѓаните кои чуваат, одгледуваат свињи во импровиризарни одгледувалишта ја пренесуваат болеста на домашните свињи.

Бабовски смета дека имаат искуство и капацитет да се справат и со овој случај на африканска свинска чума.

Мерките се зголемуваат и кај сите поголеми фарми во земјава. Од одгледување и производство на свинско место егзистираат околу 11.000 семејства, а ова е бизнис тежок околу 180 милиони евра. Во јануари годинава за првпат се појави африканска свинска чума во делчевското село Драмче, по што беа уништени околу 700 домашни свињи во делчевскиот регион.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе