Вести Економија Најважни

Цената на парното реално треба да поскапи за 150%, но надлежните уверуваат дека ќе го ублажат ценовниот шок

Неизбежно е зголемување на цената на парното. Реално, според пресметките и цените на берзите таа треба да се зголеми за 150 отсто, вели првиот регулатор Марко Бислимoски, но тврди дека се презема сѐ за да се ублажи ценовниот шок. Новата цена ќе се знае во петок.

Тендерот за избор на нова компанија која ќе ги грее скопјани од октомви сѐ уште не е објавен. Тоа ќе се случи наредните денови и до крајот на септември ќе се знае точно дали тоа ќе го прави ЕСМ, или некоја друга компанија.

Од ЕСМ велат дека тие ги прават сите подготовки за да се јават на повикот. Ако оваа зима тие испорачуваат парно греење, првично ќе работат со сопствени капацитети, но ќе земат кадар и од БЕГ.

Пред извесен период регулаторна ги одзете трите лиценци на БЕГ поради тоа што компанијата не можеше да ги извршува услугите, затоа што цената на гасот на светските берзи енормно порасна. На крајот од 2021 парното греење поскапи за 14 проценти. Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.

Александар Петревски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе