Вести Економија Македонија

Поради доцнење во градба, Народна банка му „раскина“ на Бетон- редовниот тендерски победник за Скопје 2014-та

Подолг временски период нема никакви работни активности на градилиштето до МНР каде требаше да никне уште еден објект од проектот Скопје 2014-та. Станува збор за градилиштето на новиот објект на Народната банка. Оттаму велат дека договорот со изведувачот Бетон е прекинат.

-Советот на Народната банка, по детална анализа подготвена од стручните служби, донесе одлука да го раскине Договорот за јавна набавка за изведување на градежни работи, односно изградба на новиот објект на Народната банка, склучен во 2016 година. Причините за раскинување на Договорот се неисполнување на договорните обврски од страна на изведувачот. По раскинувањето на Договорот, Народната банка ги презема сите неопходни чекори за заштита на имотот на банката, како и за утврдување на можностите за завршување на градбата во блиска иднина, ни одговорија од Народната Банка.

Информацијата ја објавија од Блумберг Адриа кои повикувајќи се на свои извори цитираа дека договорот бил раскина на 22-ти јули односно пред 4 дена (минатиот петок).

Договорот меѓу владата предводена од Никола Груевски и Бетон беше потпишан во 2013-та година и беше вреден 24 милиони евра. Подоцна со дополнителен договор Бетон доби уште 200.000 евра за заштита на градежната јама која се наполни со вода бидејќи се наоѓа блиску до коритото на Вардар.

Бетон имаше голем удел во градежните зделки на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а беше дел и од предметот Талир-2 на СЈО за изградбата на Белата палата, партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Случајот заврши со пресуда и конфискација на партиското седиште додека Бетон остана нечепнат, а хотелскиот дел кој е во продолжение на седиштето не беше одземен.

Фактор.мк објави пред неколку месеци дека компанијата Пуцко петрол (во сопственост на синот на пратеникот на ДУИ Јахоски) започнала подготовки за купување на Бетон, но потоа Пуцко негираше дека ја завршил купопродажбата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе