Вести Економија

Битиќи: Со Отворен Балкан полесно го надминуваме недостатокот од храна и струја, како и ризиците од пожари

Целта на Отворен Балкан е сите нас да не носи напред кон развој, интеграција, конкурентност наспроти меѓусебна конкуренција, слобода на движење на 4-те слободи на Европската Унија, олеснување на процедурите, солидарност и подадена рака. Верувам дека Отворен Балкан е повеќе од идеја и повеќе од иницијативи и има полн капацитет да одговори на потребите и да даде оперативни решенија. Оваа идеја сите не спојува во јасна, отворена, искрена и граѓанска намера.

Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Тирана на отворањето на пленарната седница на меѓувладините работни групи кои денеска и утре ќе дискутираат за детална имплементација на постигнатите договори во рамките на Отворен Балкан.

Време е да се фокусираме на резултати, опипливи и видливи кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните што значи дека се автентични и органски. Денеска тука сме три земји со отворени претпристапни преговори со Европската Унија и сите знаеме колку Отворен Балкан има потенцијал да ги акцелерила реформите потребни за влез во ЕУ. Преку Отворен Балкан, заедно во ЕУ. Тоа е нашиот пат и се надевам дека на истиот набрзо ќе се приклучат и другите земји од Западен Балкан, посочи Битиќи.

Нагласи дека заедно со колегите од Албанија и Србија ќе работат на утврдување на рамки на работа и протоколи и начини на кои солидарни ќе си помагаме при катастрофи и несреќи, при недостаток на храна и при енергетска криза, со што периодов се соочуваме како резултат на глобалната криза предизвикана од руската воена инвазија врз Украина.

Иако секоја национална економија има свои соодветни одговори на предизвиците со кои се соочуваме, како онаа од претходната недела кога Северна Македонија воведе забрана за извоз на пченица – но, доколку оперативниот план што тука заедно ќе го работиме со колегите од Албанија и Србија покаже дека можеме и треба да помогнеме со количина на пченица за нашите сојузници од Отворен Балкан, ќе најдеме начин тоа да го направиме, како и можни начини за заеднички настап на глобалниот пазар како поголем регион или како цела Унија со земјите кандидатки,вети Битиќи.

Истакна дека унапредувањето на трговската размена и синџирите на снабдување се потенцијал од кој сите можеме да капитализираме преку, како што рече, стимулирање на носење на синџирите на набавка во нашите земји и блиску границите на Европската Унија.

Секое лето успешно или за жал помалку успешно се справуваме со летните пожари. Ќе изработиме планови и ќе создадеме оперативни групи за да одговориме едни кон други итно кога на некоја од нашите држави и е потребна помош, но сигурен сум дека ќе дефинираме и можности за помош на останатите земји од регионот. Подготвени сме да помогнеме секому, потребата од помош нема граници, рече Битиќи.

Посочи дека на денешната седница на меѓувладините работни групи ќе расправаат и за заедничко надминување на енергетската криза и начините за штедење, начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните и потребата за отстранување на работните дозволи.

За сите овие теми, пет работни групи ќе имаат интензивна работа во следните два дена, посакувам да се продуктивни и на крај на утрешниот ден да го презентираат сработеното, рече Битиќи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе