Вести Економија

Европската централна банка ги покачи каматните стапки првпат по 11 години

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска за првпат по 11 години ги зголеми каматните стапки, откако истото го сторија американската и другите големи централни банки.

Потегот на ЕЦБ отвара нови прашања за тоа дали поскапувањето на кредитите што ќе следува од зголемувањето на каматните стапки, ќе ги турне големите економии во рецесија.

Се очекува зголемувањето на каматните стапки за 0,5 отсто да биде проследено со ново зголемување во септември, можеби за дополнителни 0,5 процентни поени.

Банката наведе дека зголемувањето на кампатната стапка повеќе од очекуваното е последица на „ажурираната проценка на инфлаторните ризици“.

Покачувањето на каматната стапка доаѓа во услови на висока и постојана инфлација во еврозоната и севкупно влошена економска ситуација, последица на војната во Украина од аспект на зависноста на стопанствата на државите од еврозоната од рускиот гас и нафта.

Економската активност забавува. Неоправданата руска агресија кон Украина е постојан товар врз растот. Влијанието на високата инфлација врз куповната моќ, постојаните ограничувања во снабдувањето и големата несигурност има пригушувачки ефект врз економијата. Компаниите продолжуваат да се соочуваат со зголемени трошоци и пречки во нивните синџири на снабдување, иако се појавуваат првични знаци дека некои од тесните грла попуштаат. Земено сѐ заедно, овие фактори значително ја замаглуваат перспективата за вториот дел од 2022 година, и понатаму, изјави претседателката лагард, соопштувајќи ја одлуката на Ецб.

Се погласни се прогнозите дека стопанството во еврозоната ќе влезе во рецесија, додека се повисоките сметки за електричната енергија, горивата и гасот им создават потешкотии на компаниите и ја намалуваат куповната моќ на граѓаните.

Загриженоста заради рецесијата веќе придонесе за пад на вредноста на еврото на 20-годишен минимум во однос на доларот, што влијае за покачување на и онака високите цени на енергенсите, со што дополнително се отежнува борбата на ЕЦБ против инфлацијата.

Зголемувањето на каматните стапки се смета за вообичаен лек против висока инфлација, која минатиот месец во еврозоната изнесуваше 8,6 отсто,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе