Светската фудбалска федерација објави дека од следната среда на нејзината веб страница почнува продажба на нов контингент на влезници за претстојното Светско првенство.
Аплицирањето ќе трае до 16 август билетите ќе се распределуваат по принципот “кој прв” и нема да се применува моделот на жрепка кој се користеше во првите две продажби.
Во оптек ќе бидат влезници кои се поделени во четири ценовни категории, а последната ќе им биде понудена само на жителите на земјата домаќин, Катар и според правилата едно лице може да купи најмногу шест билети или вкупно 60 за цело натпреварување.
ФИФА соопшти дека во продажба ќе бидат пуштени 1,8 милион влезници.
Инаку покрај жителите на Катар најмногу билети се купени од државјани на Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Индија, Саудиска Арабија, Шпанија, Обединетите арапски емирати и САД.
Светската фудбалска асоцијација очекува дека до почетокот на првенството ќе бидат продадени вкупно три милиони влезници.
