Ракомет Спорт

Шведска и Холандија со покани за СП во ракомет

Во пресрет на жрепката за фазата по групи на Светското првенство во ракомет, ИХФ ги објави имињата на двете репрезентации кои добија посебна покана за настап.

Во соопштението објавено од страна на Светската ракометна федерација, селекциите на Словенија и Холандија добија посебни покани за учество на претстојниот Мундијал што следната година ќе се одржи во Полска и Шведска.

За Холанѓаните ова ќе биде прво учество на шампионатите по 62 години откако во 1961-та ја освоија 11-тата позиција. ИХФ традиционално доделува само една покана, но овој пат повикани се две селекции од причина што Австралија не успеа да се пласира меѓу петте најдобри на шампионатот на Азија.

На жрепката на втори јули двете поканети селекции ќе бидат поставени во последниот сад.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе