Вести Македонија Најважни

Момче од Македонија се удавило во водите на Јадранско море во Црна Гора

Момче на 22 години од Македонија се удавило во водите на Јадранско море кај населбата Утеха близу Бар во Црна Гора, пренесе порталот Приморски .ме. Како што дознава порталот од жителите на Утеха, момчето требало да работи како сезонски работник. Вчера пристигнало во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде околу 18 часот трагично го загубило животот во Јадранското море. Според првичната истрага, на телото на момчето не биле пронајдени траги од насилство. Причината за смртта треба дополнително да се утврди, за што обвинител ќе нареди обдукција на телото.

Од МНР за Телма го потврдија случајот , прецизирајќи дека се работи за наш државјанин, роден во Тетово.

„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека на нашиот државјанин Е.Х. роден во 2000 година во Тетово му е констатирана смрт во туристичкото место Утеха. Во тек е обдукција, со цел целосно расчистување  на случајот од надлежните црногорски институции“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Како што неофицијално дознава Телма, семејството на дваесет и две годишниот е информирано за неговата смрт и веќе е на пат кон Црна Гора.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе