Спорт Фудбал

Манчестер Сити почнува со Вест Хем, Ливерпул против Фулам

Бранителот на трофејот Манчестер Сити, новата сезона во Премиер лигата што почнува на петти август ќе ја отвори со дуел против Вест Хем додека вицешампионот на Англија, Ливерпул ќе му гостува на новиот член на елитното друштво Фулам.

Новиот шампионат го отвораат градските ривали од Лондон, Кристал Палас и Арсенал додека Челзи со новото раководство стартува со гостување против Евертон.

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг ќе дебитира на Олд Трафорд на дуелот со Брајтон.

Новата сезона во Премиер лигата почнува на петти август и ќе трае до 28 мај, а поради Светскиот куп во Катар ќе биде прекината во периодот од 12 ноември до 21 декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе