Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф од 4:0 во дуелот против Гибралтар го заврши првиот круг од натпреварите во Лигата на нации.
“Задоволен бидејќи момците покажаа пристап кој е за секоја пофалба. Без разлика против кога игра овој тим има максимален респект кон секого, но на терен кон никого. Им честитам на момците на пристапот и желбата за успех. Благодарност до сите кои беа дел од овој камп бидејќи одвоија 17 дена од оној одмор што им припаѓа за да се стават во функција на тимот и државата. Сите што беа дел од овој камп имаат потенцијал. Покажаа дека имаат талент и потенцијал во овој тим. Од нив самите зависи колку ќе се наметнат од игрите во своите клубови. Не сакам да издвојам никого, бидејќи сите ме направија задоволен од пристапот и односот кон тимот”, изјави селекторот Благоја Милевски.
ФОТО: Игор Паневски
