По поразот од Грузија, фудбалската репрезентација на Македонија утре е домаќин на Гибралтар. Нашата селекција е апсолутен фаворит и во утрешниот меч и покрај сите проблеми играчите мора да се фокусираат на противникот и да стигнат до очекуваната победа.
“После секој изгубен меч нормално е да боли и нормално е да мислиш на поразот. Но, тоа е минато и треба да гледаме напред. Мора да ги поправиме нашите грешки. Јас во соблекувална не гледам дека некој не давал максимум. Тоа е фудбалот и некогаш се случуваат и такви работи. Треба да гледаме напред и да продолжиме кон целта. Атмосферата ќе се врати со добри резултати”, изјави капитенот Енис Барди.
ФОТО: Игор Паневски
