Спорт Фудбал

Милевски: Нашите грешки го решија победникот

Македонската фудбалска репрезентација во првиот настап на домашен терен во оваа 2022 година го доживеа и првиот пораз во Лигата на нации. Грузија од Скопје заминува со три бода по триумфот со 3:0 на арената Тодор Проески.

“Честитки за победата на Грузија, одиграа добар натпревар, но кога ќе загубиш на ваков начин на ваков меч сега во моментов што би посочил како причина освен три лоши наши реакции. Да бидеш на подобро ниво со еден ваков противник да контролираш игра до првиот гол, и после вториот гол паднавме и физички, и мислам дека на тој физички план Грузија е ниво над нас. Мислам дека немам ништо да замерам на момците освен за она што во моментот го дадоа, а тоа е што го видовме на терен и тоа е нашиот максимум. Жал ми е кога доминиравме во тие 50 минути не постигнавме гол, два или повеќе. Одиме понатаму, следниот натпревар кој ни следува, во недела ќе пробаме да се консолидираме”, изјави по натпреварот предводникот на националниот тим, Благоја Милевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе