Спорт Фудбал

Трајковски: Да одиграме најдобро што можеме и да забележиме победа

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот и 45 минути на арената Тодор Проески против селекцијата на Грузија ќе го одигра третиот натпревар од новото издание на Лигата на нации на УЕФА.

Нашата селекција за прв пат ќе биде домаќин на еден меч во оваа година и затоа избраниците на селекторот Благоја Милевски посакуваат победа со која ќе ги зголемиме шансите за освојување на првото место во групата кое не само што води во повисок ранг од натпреварувањето туку значи и продолжување на битката за пласман на Европското првенство.

“Ова ќе биде еден од важните натпревари за македонската репрезентација. Треба да бидеме на наше највисоко ниво за да го добиеме. Играме пред наша публика и се надевам дека тоа ќе ни биде дополнителна мотивација. Мораме максимално да одиграме од првата до последната минута. Нема да биде воопшто лесен натпревар, Грузија е квалитетен противник и се разбира дека има свои амбиции за првото место во групата. Само со нашиот препознатлив тимски дух, самодоверба и борба за секоја топка можеме да ја постигнеме целта. Подготвени сме и ќе излеземе на терен да победиме”, изјави Александар Трајковски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе