Репрезентацијата на Грузија е следниот противник на фудбалската селекција на Македонија во Лигата на нации.
Грузијците кои во Скопје доаѓаат со максимален учинок по две одиграни средби посакуваат триумфалната низа да ја продолжат и по соочувањето на арената Тодор Проески.
“Максимално ја почитуваме Македонија, за која не врзуваат болни сеќавања од Тбилиси. Домаќините се фаворити на овој меч, не ние. Но тоа не значи дека однапред се предаваме. Напротив, дојдовме тука по победа затоа што Македонија е наш должник. Имаме два одлични натпревари во низа, и сега сакаме тоа да продолжи. Овој натпревар може да биде многу важен во битката за првото место, затоа сакаме три бода”, истакна селекторот на Грузија, Вили Сањол.
ФОТО: Игор Паневски
