Вести Македонија

Полицајци на систематски прегледи во фирмата чија лабораторија е под истрага за издавање лажни ПЦР тестови во казина

МВР за наредните три години потпиша рамковна спогодба за здравствени систематски прегледи и со Ели-медика од Струмица за чија подружница во Гевгелија обвинителството се уште има отворено истрага поради сомневање дека издавала лажни ПЦР тестови во казината во близина на границата со Грција.

Ели медика го добила тендерот за здравствени прегледи на полициските специјалци, за полицајците во СВР Тетово, СВР Струмица и гранични полицајци на западната граница.

Вкупната сума на договорот меѓу фирмата чија лабораторија е осомничена дека издава лажни ПЦР уверенија и МВР изнесува 16,75 милиони денари, или околу 272 илјади евра односно 800 денари за еден систематски преглед за полицаец.

И додека цели единици и сектори на МВР ќе се прегледуваат кај лекари ангажирани од Ели медика, дел од нивни колеги-инспектори се уште ги работат вештачењата за сомнежите дека Ели медика плус во повеќе казина на јужната граница продавале лажни ПЦР сертификати за корона тестирање.

Случајот го обелодени грчки новинар кој покажа како се делат такви ПЦР тестови на грчки казино туристи.

Обвинителството потврди дека истрагата се уште е активна, а била отворена и пред објавата на грчката телевизија.

-Со двете наредби (26.12.2021. и 06.01.2022.) е опфатено пребарување на компјутерскиот систем, проверка на податоци, одземање на лабораториските извештаи, списоци, евидентни листови и друга документација, како и споредување на податоците со цел да се утврдат евентуални незаконитости. По дел од наредбите е постапено, а по другиот дел се уште се постапува. По прибирање и анализа на целокупниот материјал, Основното јавно обвинителство Гевгелија ќе донесе соодветна одлука, 

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ни одговорија дека се откриени пунктови за тестирање во казина кои тогаш се затворени и пломбирани.

На 11-ти јануари е испратено известување до министерот за здравство за натамошно одлучување, но досега здравствениот инспекторат не бил известен за никаква одлука од министерот поврзан со издадената дозвола за Ели Медика плус.

Во меѓувреме, на крајот на март другата фирма со иста сопственост Ели Медика се пријавила и добила повеќе од половина тендер за систематски прегледи на полицајци и на полициските тигри.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе