Најмалку двајца фудбалери и еден од судиските помошници се повредени во серијата инциденти што синоќа го одбележаа натпреварот од претпоследното коло во првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Шкупи. Натпреварот заврши со нерешен резултат иако соодност на настрадани од приведени засега е поброен. Полицијата успеала да улови двајца насилници. Двајцата се од Тетовско и се помлади од 25 години. Ќе одговараат бидејќи ги прекршиле законските правила за навивање и влетале на терен.
„Поради недолично однесување на спортски натпревар, односно недозволено влегување во натпреварувачки простор за време на одржување на фудбалски натпревар. Според пријавеното, за време на натпреварот биле регистрирани прекршувања на правилата за навивање со палење на пиротехнички материјали и фрлање предмети, при што бил повреден еден играч кому му била укажана лекарска помош во приватна медицинска установа во Тетово,“ се наведува во информациите од МВР
Од МВР информираат дека нема да куртулат ниту оние кои остана на трибините. Снимките од безбедносните камери треба да откријат кој фрлал со камења, кој се тепал, а кој користел недозволени пиротехнички средства. Освен прекршоците на учесниците во инцидентот и мсе закануваат и кривични дела со затворски казни. Инцидентите на дуелот меѓу стариот и новиот шампион започнаа пред градскиот стадион во Тетово. На видеоматеријалите од гледа фудбалер на гостинскиот тим како лежи на земја пред стадионот, а според неофицијални информации, фудбалерите и стручниот штаб на Шкупи биле нападнати со пиротехнички средства од навивачи на Шкендија. Инциденти се прелеаа и на трибините и по воведените неколку минути, натпреварот привремено беше прекинат, откако домашните навивачи почнаа да фрлаат предмети кон гостинскиот голман. Не беше поштеден ниту играч, кој настрада од фрлен камен од трибините. По примерот на навивачите, на теренот се тепаа и играчите и стручниот штаб, но засега нема брза реакција и најава за санкции од ФФМ за клубовите и играчите кои учествуваа во инцидентот. Претходно, полицијата на излезот од Скопје спречи поголема група навивачи на Шкупи да заминат за Тетово.
Павле Беловски
