Ребалансот на буџетот во мај или најдоцна до јуни ќе се најде пред пратениците. Министерот за финансии Фатмир Бесими убедува дека ќе се кратат непродуктивните трошења.
Вели ќе нема пари за купување на возила и мебел, ќе се крати од ставката стоки и услуги, ќе се распределуваат пари меѓу институциите, ќе се кратат парите за проекти кои нема шанси да се реализираат –се со цел да се заштеди.
Не одговори дали со ребалансот ќе има за поголеми платите во администрацијата која се заканува со штрајкови . Но парите за задолжувања се скапи.
Се зане дека инфлацијата ќе расте, јавниот долг ќе се зголемува ќе се продлабочува буџетскаскиот дефицит.
Веќе месец и пол се чека на издавањето на еврообврзницата која беше планирана на 600 милиони евра поради високите камати.
