Вести Економија Македонија

Шаќири подготовен да пренамене буџетски средства од МОН за зголемување на платите во образованието

Како министер за образование и наука подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближиме до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК. Ова го побарав и од другите министри во Владата и во истото гледам опција преку која би можеле да постигнеме решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ова го изјави за време на гостувањето на Алсат ТВ, потенцирајќи дека преговорите со СОНК се интензивираат и дека до крајот на оваа недела се надева на постигнување договор.

„Штрајкот е започнат и бараме решение за надминување на ситуацијата што поскоро. Секако дека Владата ќе достави предлог до синдикатот, кој ќе биде соодветен на буџетските можности и се надевам прифатлив за СОНК. Да ги вратиме децата во училиштата, а потоа ќе дискутираме како ќе се надомести пропуштената настава“, рече Шаќири.

Министерот рече дека заложбата на Владата е да се изнајде системско решение со кои платите на вработените во областа на образованието ќе растат со секое покачување на минималната плата, што всушност е и едно од барањата на СОНК, со оглед на тоа што е најавено нејзино покачување и во 2023 и 2024 година.

„Мене ме радува тоа што зборуваме за зголемување на платите. Оваа влада во неколку наврати ги зголеми платите на наставниците и тоа по 5% во 2018 и 2019 година и во 2022 година за 10%, на кои се додава и минат труд и така кумулативното зголемување е за над 21%.  Така што и овој пат ќе се договориме и ќе излеземе во пресрет на наставниот кадар“, рече министерот.

Шаќири потенцираше дека СОНК останува да биде важен партнер на МОН во креирањето на образовните политики и дека планот е синдикатот да се вклучи во изработката на нова национална Стратегија за образование, која ќе биде долгорочна и ниеден министер во иднина нема да може да прави отстапки, а ќе ги опфати сите аспекти на образовниот систем, вклучително и можностите за кариерен и професионален развој на наставниците и за унапредување на економскиот статус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе