Вести Економија Македонија

Народна банка ја зголеми камата на благајничките записи за 0,25 п.п како одговор на растечките инлациски очекувања

Народната банка ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени од сегашните 1,25 и сега таа ќе изнесува 1,5 проценти. Реакцијата доаѓа како одговор на растечките инфлациски очекувања – соопшти централната банка. Износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, и изнесува 10 милијарди денари.

Од народната банка соопштија дека  внимателно ги следат состојбите поради  неизвесноста и ризиците од ескалацијата на геополитичките тензии и од нивните ефекти, пред сѐ, врз глобалниот раст на цените, но и врз трговските текови и побарувачката, при се уште неизвесен тек на пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе