Вести Економија Македонија Топ вести

Зголемени се нарачките на текстилни производи, откако пазарите во Европа се отворија по корона кризата

Зголемени се нарачките на текстилни производи, откако пазарите во Европа се отворија по корона кризата, но и  поради тоа што  некои од странските компании своето производство од Украина или други земји сакаaт да го преселат во Македонија. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека барањата на странските компании се толку големи што во моментов тешко може и да се задоволат, од причина што лани во текстилниот сектор е намален и бројот на вработени.

Компаниите се соочуваат со проблем тоа што работниците им се на возраст од над 45 години, а  младите не се зиантересирани да работат во овој сектор, тоа се гледа и во бројот на запишани ученици во стручните училишта. Зголемени се трошоците за струја и енергенси, во компанијата на Димитров последната сметка за струја е 15.000 евра.Македонските текстилни компании од партнерите бараат повисоки цени на производите кои ги шијат, но ова зголемување не го следи растот на трошоците.

Аназлите  колку ќе влијае зголемувањето на минималната плата во текстилниот и кожарскиот сектор ќе се прават кон крајот на месецов, кога ќе се спремаат мартовските плати за исплата на работниците. Последиците од војната во Украина  се чувствуваат во Европа и Велика Британија, лани во Украина извезеле облека и текстил во вреднос од над 1,3 милјарди евра.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе