Мерките за штедење не се однесуваат на капитални инвестиции, Агензцијата на храна и ветеринарство е посебен орган и за тоа и за тоа ќе ве информираат, ова го одговори министерот за земјоделство Љупчо Николовски во вечерашната Топ Тема прашан за договорот тежок 8,4 милиони евра за нова зграда за АХВ потпишан пет дена пред да се донесат мерките за штедење.
„Ова е посебен орган и за тоа ќе ве информираат и мобилизирано е целото министерство и ова е поважно од дали и на кој начин се трошат капиталните инвестивции. Инаку сум голем поборник поддржувач за реализација на капиталните инвестици кои се однесуваат на водостоипанството, како системо за наводнување на брани после 40 или 50 години да ги ставиме на брза трака. Оваа година ќе пуштаме огромна брана во Гевгелија“, најави Николовски.
„Она што го знам за зградата на АХВ е дека се работи за долгогодишнс постапка и исплати коишто не се во една година, туку повеќе години и за тоа се одговорни се Министерство за финансиии постапката како се одвивала. Клучно е и за ЕУ за обезбедување на простории за акредитирани институции и тоа во контекст на ИПАР агенцијата“, потенцираше министерот во Топ Тема.
Тој објасни дека министерсвото добива рекордна реализација на ИПАР 2, за 63% поголем ИПАР буџет за производителите за преработувачите и т.н.
„Услов за да ги добиеме тие средства е да обезбедиме простории за Платежната агенцијата. Капиталните инвестиции треба да бидат поттикнати и реализацијата секогаш не радува. Тоа се пари кои што доаѓаат кај стопанството и кај граѓаните“, рече Николовски.
„Што ќе правиме сега треба да обезбедиме услови за работи за луѓето од Платежната агенција кои што се акредитирани како простории и капацитети за да ги имплементираме мерките од програмата ИПАР. А тоа се околу 250 милиони евра коишто во следните седум години сме лидери во регионот и нашата обврска е да обезбедиме вработени капацитети и да обезбедиме простории. Заради тоа на работите не треба да се гледа пушално и еднострано затоа што од капацитетот на институциите зависи имплементација на мерките, а во овој случај зависи имплементацијата на европските фондови за коишто сме лидери во регионот. ЕК први за нас ја усвоија програмата имаме 62% зголемен буџет. Четири години не плаќаме пенали и не враќаме пари во европските фондови“, потенцираше Николовски Топ Тема на Телма.
