Вести Економија Македонија Најважни

Од денес основните производи се со 0% ДДВ, но за граѓаните тоа е само „шминка“ на паднатиот животен стандард

Ланец маркети условувал купувачи викендов. Ова е само еден од бројните прекршоци коишто ги направиле трговците изминативе денови.

Казните се бројат во илјадници евра, особено за дел од трговците на големо коишто грубо ги прекршиле правилата.

Државните пазарни инспектори периодов се со полни раце работа по неколкуте економски мерки донесени среде криза.

Најкрупната казна е изречена поради прекршување на Законот за заштита на потрошувачи.

Денес инспекторите прават проверки кај производителите на зејтин заради тоа што деновиве стигнувале пријави дека недостасува овој производ во продавниците. Ќе се проверува колкави се количините, како е формирана цената и со каква динамика планираат да работат периодов.

Побарувачката е голема и не се стигнува со дистрибуција, а зејтин има – смируваат од Пазарна.

Во меѓувреме, од денес започнува да важи мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за основните прехранбени продукти.

Со ова, производите како леб, брашно, млеко, шеќер, зејтин, месо, ориз и јајца, ќе се продаваат без ДДВ, а маркетите треба да издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0 проценти.

Но, за граѓаните ваквите мерки се само „шминка“ на реалноста.

Основните производи ќе се продаваат со нула проценти ДДВ нецели три месеци или до 31 мај.

Од Владата очекуваат дека со оваа мерка ќе се изврши надолен притисок врз малопродажните цени на производите и барем некако ќе се амортизира неминовниот пад на животниот стандард.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе