Вести Економија

Дали намалувањето на трошоците за 10 проценти ќе биде доволно или не, дебата во Топ Тема

Владата донесе одлука за намалување на трошоците за 10 проценти, но експертите предупредуваат дека треба да се обрати внимание на тоа како ќе бидат потрошени останатите 90 проценти.

Апелот повеќе треба да е насочен на домаќинско, рационално трошење а не само на кратење. Секојдневно гледаме нерационално трошење, мерката е за владините институции, но и препорака за сите останти. Град Скопје е на листата меѓу првите пет потрошувачи на јавни пари, а не е владина институција, не е министерство. Треба ние, од другата страна да се организираме и да видиме како другите ќе ги трошат тие пари. Имаме моќни локални претпријатија. Кога почна ковид кризата владата имаше слични препораки кои не беа почитувани. Лани за прв пат во Македонија износот на пари што се трошат на јавни тендери поомина милијарда евра. Милијарда и триста милиони е 40 проценти зголемување, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Славица Грковска   вели дека доколку биде проценето дека овој пакет мерки не биде доволен, сигурно ќе следуваат дополнителни мерки.

До сега владата покажа дека е прилично агилна во превенирање на прелевање на кризата и таа да излезе надвор од контрола. Останува да се види дали ова ќе биде доволен пакетот или ќе треба дополнителни мерки, рече Грковска.

Билјана Ивановска од Државната комисија за спречување корупција вели дека домаќинското работење треба да биде постојан начин на функционирање, а не само во време на криза.

Ние уште од самиот почекток излеговме со наш став дека треба да се рационализираат непродуктивните троѓшовци. По мене не само во криза туку секогаш треба да има домаќинско работење. Тоа треба да ни биде начин на функционирање. Не се уредени актите со кои  што би се регулирале овие трошоци, вели Ивановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе